X
 13.09.2022 Образование

Бруцошите до петок можат да аплицираат за сместување во студентски домови

Министерството за образование и наука информира дека во тек е аплицирање за сместување во студентски домови за студентите од прва година на студии. Аплицирањето се врши електронски, преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, а крајниот рок е 16.9.2022 година.

- Потребните документи за бруцошите се наведени во конкурсот кој е објавен на посочениот портал и од каде што треба да се симнат, пополнат и повторно прикачат во апликацијата - стои во соопштението.

Од МОН истакнуваат дека конечниот список со примени студенти ќе биде објавен на 30.9.2022 година на огласните табли во студентските домови и на страницата на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk, која моментално е недостапна.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование