X
 13.09.2023 Забава

Кајли Миног нуди работа од соништата и одлична плата - условот е да сте добар познавач на виното

Познатите личности имаат чудни, но одлични идеи како да се задоволат себеси и да им помогнат на другите. Така, Кајли Миног дојде до одлична идеја.

Популарната пејачка моментално е во потрага по батлер кој ќе ја придружува на нејзината стара и нова резиденција во Велика Британија, Мелбурн и Лас Вегас. Но, Кајли сака батлерот да има одлични познавања за виното. Платата ќе биде 55.000 фунти.

- Кандидатот ќе треба да патува со Кајли, која живее во Мелбурн, но често оди во Велика Британија. Исто така, Кајли доста време ќе поминува во САД, бидејќи има куќа во Лас Вегас - вели извор за британските медиуми.

Друг услов е батлерот да биде сомелиер. Ова звучи како барање што би го дала Кајли, со оглед на тоа што пејачката има успешни брендови на вино и многу ги цени другите сорти вина.

Извор: Mirror.co.uk
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава