X
 13.11.2017 Култура

Оваа планина е посмртоносна и од Еверест

Трпезната Планина во Кејптаун во Јужноафриканската Република, секоја година пречекува повеќе од милион туристи. Сепак, не се враќаат сите живи од овој поход. 

Врвот на планината е висок 1085 метри и често е обвиен со густи облаци, кои изгледаат како нејзина „покривка“. Пределот е преполн живописни диви цвеќиња, а од врвот имате поглед на целиот град и на морскиот шир.

Меѓутоа, бајковитиот изглед може да ви остави погрешен впечаток за Трпезната Планина. Таа е посмртоносна и од Монт Еверест.

Од клубот на планинари во Јужноафриканската Република објаснуваат дека многу мислат дека е лесно да се искачат на Трпезната Планина, имајќи предвид дека е висока „само“ 1085 метри, но мнозинството го занемаруваат фактот дека стрмнината воопшто не е едноставна. Секоја година поради тоа страдаат помеѓу 10 и 20 луѓе.

Таа одзема повеќе животи отколку белите ајкули кои живеат во близина на брегот на Јужноафриканската Република. Мнозинството планинари настрадале откако заскитале, по што брзо дехидрирале. Многумина ги затекнала брза промена на времето, а последните години одреден број луѓе го губат животот во обидот на направат атрактивна селфи фотографија.

За споредба, на Трпезната Планина помеѓу 2010 и 2011 година загинале седум луѓе, а на Еверест четворица.

Меѓутоа, во 2012 година Еверест одзел 10 животи во споредба со четирите на Трпезната Планина, така што трендовите се менуваат.

Според базата на податоци за несреќите на јужноафриканските планини, од 1980 година на Трпезната Планина загинале 131 лице. Најсмртоносната година, која однела 15 животи, била 2009.

Стручните лица велат дека за мнозинството од нив е виновна неадекватната подготовка за различните временски услови на теренот. Многумина настрадале од наизглед банални причини, затоа што не понеле мапи за рутите, топла облека и наполнет телефон.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура