X
 12.01.2016 Култура

2015 - годината кога никој не го искачи Монт Еверест

За првпат од 1974 година, никој не се искачил на врвот на Монт Еверест изминатата година. Иако планината беше дел од познат филм, највисокиот нејзин врв остана недопрен од човекот, најмногу поради повеќе трагедии кои се случија на неа.


Комерцијалните организации добија забрана за експедиции на планината по страшната несреќа предизвикана од земјотрес кој уби илјадници во Непал во април 2015 година. Тој месец, на Еверест животот го загубиле најмалку 24 лица поради последици од земјотресот.

Како што известува „National Geographic“, 359 луѓе (рекорден број) се собрале во кампот на падините на почетокот на сезоната во 2015 година, но трагедијата од април, втор земјотрес во Мај и повеќе скршени скали биле причина за откажување на многумина.

Еверест бил одново отворен за туристите во август годината, но само еден планинар добил дозвола за да се искачи на врвот. Тоа бил Нобуказу Курики, кој стигнал до 700 метри до врвот во Октомври.

Годинава се очекуваат нови рекордни искачувања на Монт Еверест од страна на властите.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура