X
 13.11.2020 Живот

Ќе потрошите 9 години од животот на вашиот мобилен, открива ново истражување

Повеќето луѓе би признале дека трошат многу време на телефон, а едно истражување објавено неодамна покажува точно колку. Според истражувањето спроведено во САД, просечниот човек ќе помине речиси 9 години од животот на својот телефон.

Не изненадува заклучокот дека милениумците трошат најмногу време на своите телефони и поминуваат 3,7 часа дневно гледајќи во екранот, покажува истражувањето. Генерацијата Икс поминува околу 3 часа на ден на своите телефони, додека бејби-бумерите поминуваат околу 2,5 часа дневно на телефон.

Луѓето поминуваат повеќе време користејќи технолошки уреди во текот на пандемијата, но зависноста од овие уреди станува проблем последните години, а технолошките компании како „Гугл“, „Епл“ и „Фејсбук“ имаат алатки чија цел е да им помогнат на корисниците да го следат времето поминато пред екран.

Автор: Абрар Ал-Хити
Извор: cnet.com
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот