Следната година „Фејсбук“ официјално ќе ги укине своите два најпознати додатоци за надворешни страници.
Копчињата за лајкнување и споделување ќе бидат укинати на 10 февруари 2026 година. Во објава на компанијата „Мета“ е наведено дека администраторите на страниците не мора да преземаат никакви дополнителни чекори поради оваа промена, иако, ако сакаат, можат сами да ги отстранат додатоците пред тој датум.
По укинувањето, преостанатите додатоци ќе престанат да функционираат, што значи дека ќе се прикажуваат како невидливи елементи со големина 0x0 пиксели.
Укинувањето на овие функции означува крај на една ера за „Фејсбук“ и „Мета“. Овие опции беа воведени уште во 2010 година и беа промовирани како начин веб-страниците да добијат повеќе посети преку социјалната мрежа, која тогаш беше главен канал за споделување статии и содржини.
Денес, од „Мета“ велат дека овие додатоци одразуваат време во развојот на интернетот, а нивното користење природно се намали како што се менуваше дигиталниот пејзаж.
Исто така, „Фејсбук“ денес зазема многу помала улога во рамките на пошироката бизнис-структура на „Мета“ отколку порано, а во практика сè поретко се гледаат веб-страници кои нудат интеграција само со една социјална мрежа.
Фото: Pixabay