X
 04.09.2017 Забава

И „лајкот“ не е тоа што беше: „Фејсбук“ направи промени


„Фејсбук“ лајк
(Фото: Pixabay)


Промената на „Фејсбук“ не е воведена изолирано, туку кај сите. Имено, станува збор за новиот дизајн на легендарниот „лајк“.

До пред извесно време копчето „лајк“ претставуваше подигнат палец обоен во сива боја, а новиот „лајк“ е нацртан со сива боја. Слична промена е воведена и кај коментарите. Сепак, кога нешто лајкнувате, копчето станува целосно сино.

Покрај тоа што овој редизајн „Фејсбук“ го претстави пред неколку седмици, кога го претстави и посивиот Њузфид, промените се воведувани постепено, поради што многу корисници новиот дизајн го гледаат дури сега.

Сепак, оваа промена ќе потрае уште неколку дена, додека не биде воведена апсолутно кај сите.

Оваа промена не е најголемата што ја има воведено „Фејсбук“, но дефинитивно е забележлива, а многубројни се и реакциите на корисниците. 
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава