X
 13.11.2025 Живот

Нова туристичка атракција за најхрабрите - пливањето меѓу санти мраз стана хит на северот на Европа

Пливањето меѓу санти мраз (англ. Ice Floating) е најновиот туристички тренд на северот на Европа, кој станува сè попопуларен откако фотографиите од оваа екстремна, но фасцинантна активност се проширија на социјалните мрежи.

Ова необично искуство се нуди во ладните региони како Финска и Русија, а се состои во пливање и релаксација меѓу санти мраз, опкружени со величествени зимски пејзажи.


Активноста најчесто се организира од ноември до април, со најголем интерес меѓу декември и март, кога освен пловењето во ледена вода, туристите можат да уживаат и во природниот спектакл - поларната светлина.

Сите што сакаат да ја пробаат оваа активност мора да носат специјални водоотпорни костими кои ги штитат од екстремниот студ и им овозможуваат да останат суви и безбедни во студените води додека температурата на воздухот обично е многу под нулата.

Оние што веќе го искусиле ова тврдат дека пливањето меѓу мразот е како медитација, така што ги опушта телото и умот, создава чувство на мир и поврзаност со природата дури и во најекстремните услови.


Иако звучи ризично, активноста е безбедна ако се почитуваат сите упатства, ако се мине кратка обука и ако секогаш се учествува во присуство на искусен инструктор и сертифицирани спасувачи на брегот.

Цената на ова искуство се движи од 80 до 195 евра за час пливање.


Најпопуларни дестинации за оваа активност се Хелсинки, Леви и Рованиеми во Финска, Владивосток во Русија, па дури и Вал д’Изер во Франција.

Извор: Punkufer.dnevnik.hr
Фото: Screenshot/Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот