X
 13.12.2023 Наука

Метеорскиот дожд „Геминиди“ е повторно активен

Метеорскиот дожд „Геминиди“ е активен од 4 до 20 декември годинава. Најголема активност се очекува на 14 и 15 декември.

Станува збор за многубројни, бавни и исклучително светли метеори. Во овој период, доколку видите ѕвезда како паѓа, веројатно сте виделе распаѓање на материја од астероидот наречен 3200 Фајетон во атмосферата на Земјата.

„Геминиди“, заедно со „Квадрантиди“, се единствените метеорски дождови чие потекло не е од комета, туку од астероид. Брзината на метеорите е речиси двојно помала отколку кај другите метеорски дождови и изнесува околу 35 километри на час.

За гледање на метеорскиот дожд не се потребни уреди бидејќи метеорите се видливи со голо око. Метеорите доаѓаат од соѕвездието Близнаци.

Извор: Astronomija
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука