X
 14.03.2019 Живот

Во Виена луѓето ги изнајмуваат и своите автомобили

Сè почесто жителите на Виена го даваат под наем не само својот дом за кратко време, туку и личниот автомобил.

Според најновите податоци, само една од интернет-платформите во Виена за давање под наем лични автомобили, минатата година регистрирала 30.000 корисници. Тоа е двојно повеќе отколку претходната година.

Принципот е ист како и кај платформи што даваат под наем станови. Статистиката укажува дека бројот на луѓе што сакаат да „ќарат“ од сопствениот автомобил расте многу брзо. Тоа се објаснува со сè поголемите трошоци за одржување на автомобилот. Според една од фирмите за издавање приватни автомобили под наем, само за една година побарувачката на клиенти е зголемена за 50 отсто.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот