X
 14.03.2023 Живот

Во Скопската ЗОО првпат се испилија мали пингвини

Скопската зоолошка градина изминатиов период доби четири нови члена - пингвини од видот хамболдт. Ова е првпат во Скопската ЗОО да се испилат мали пингвини. Оттаму соопштија дека малите пингвини дошле на свет во јануари, а се од два пара родители.

- Целиот период грижливо ги негуваа, а голем дел од денот со нив поминуваа и татковците. Состојбата на малите пингвинчиња од видот хамболдт беше следена и од нашите зоонегуватели Маја и Војо, како и од стручни лица - објавија од зоолошката.

Погледнете ги пингвинчињата.

 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот