X
 14.03.2023 Култура

Животниот пат на Брендан Фрејзер: Од сексуална злоупотреба до „Оскар“

Брендан Фрејзер го доби „Оскарот“ за најдобар актер благодарение на филмот „Китот“. Неговата улога му помогна да ја заживее својата кариера откако беше речиси заборавен со години.

Фрејзер беше еден од петте актери што беа првпат номинирани во категоријата, а ги победи Остин Батлер, Колин Фарел, Пол Мескал, Бил Наји. Во говорот по прогласувањето Фрејзер зборуваше за раните години во филмската индустрија, нагласувајќи дека не знаел да ја цени својата работа додека не престанал.

Во филмот тој толкува дебел наставник кој се бори да се поврзе со својата 17-годишна ќерка. Овој 54-годишен актер стана познат во раните 90-ти години со комедијата „Прачовек од Калифорнија“ (Encino man) и драмата „Училишни врски“ (School Ties). Публиката го памети по улогите во трилогиите „Џорџ од џунглата“ (George of the jungle) и „Мумијата“ (The mummy). Се појави и во филмовите „Богови и чудовишта“ (Gods and monsters), „Тивкиот Американец“ (The quiet American) и некои други филмови, а потоа речиси исчезна.


Тој се повлече од очите на јавноста справувајќи се со низа лични проблеми, вклучувајќи развод, смрт на мајка му, здравствени проблеми и наводен сексуален напад. Во 2018 година тој открил дека Филип Берк, шеф на организациското тело на „Златните глобуси“, Холивудската асоцијација за странски новинари (ХФПА), несоодветно го допирал во 2003 година. Фрејзер откри дека овој инцидент го принудил да се повлече.

Кога главните улоги пресушиле, му било многу тешко.

- Вашето чувство за вредност доаѓа од работата што ја работите - изјавил тој.

Иако последните години биле тешки за Фрејзер, „Китот“ му ја врати старата слава. Од премиерата во септември, за неговата улога се зборува како една од најдобрите во неговата кариера.


Извор: Klix
Насловна фотографија: Twitter
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура