X
 14.03.2024 Живот

Изведена мултиорганска трансплантација на органи - пациенти добија срце, црн дроб, бубрези, а во следните денови и коскени ткива

Министерството за здравство информира дека во текот на вчерашниот ден беше направена уште една мултиорганска трансплантација на органи во која еден пациент доби срце, еден пациент доби црн дроб, двајца пациенти добија бубрези, а во наредните денови пациенти од Универзитетската клиника за ортопедија ќе имаат шанса да добијат и коскени ткива.

Министерот Демири упатува огромна благодарност до семејството на донорот, кое одлучи да ги донира органите од нивниот близок и притоа да спаси најмалку 4 животи.

- По добиената согласност во вторникот, вчера во раните утрински часови започнаа трансплантациите на срце, црн дроб, бубрези и коскени ткива. Упатувам огромна благодарност до семејството на донорот кое повторно нѐ потсети на важноста, на емпатијата и на хуманоста и во најтешките моменти од животот. Нивната одлука денес значи нов живот за некого, спасуваме најмалку 4 животи. Дарувањето органи е највисокиот чин на алтруизам кој нѐ прави подобри луѓе спасувајќи човечки животи. Голема благодарност и до сите медицински тимови кои работат со пациентите и се грижат за нивното здравје - истакнува Демири.

Од 2020 година досега се трансплантирани 11 срца, 4 црни дроба, 38 бубрези и 24 коскени ткива, вкупно 77 органи што живот значат, пишува во соопштението на Министерството за здравство.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот