X
 12.01.2017 Наука

Научници создале човечко срце од матични клетки во лабораторија

4.000 Американци се на листата за трансплантација на срце, а само 2.500 ќе добијат ново срце во текот на наредната година. За оние „среќниците“, најголемиот ризик е нивните тела да го отфрлат новото срце и да добијат масивна реакција на имунитетот против страните тела. За да не дојде до ова, истражувачите работеле на креирање синтетички органи од ќелиите на самите пациенти.


Сега, тим на научници од „Massachusetts General Hospital“ и „Harvard Medical School“ се на еден чекор поблиску, користејќи ќелии од кожата за да го регенерираат функционалното човеково срцево ткиво.

Во таков случај, научниците би можеле да создадат срца од сопствените ткива на пациентите, но имаат уште многу работа за тоа да стане возможно. Причината е тоа што секое срце има одредена структура. Во нивната претходна работа, научниците креирале техника со која зеле ќелии од 73 донатори на срце, за кои се сметало дека не се соодветни за трансплантација. Потоа научниците зеле ќелии од кожа и користеле техника со „RNA“ за да ги претворат во матични клетки, клетки кои можат да бодат специјализирани во било кој тип на клетки од човековото тело, а потоа да се предизвика да бидат два различни типа на срцеви клетки. По уверувањето дека преостанатата матрица ќе обезбеди силна основа за нови клетки, научниците ги ставиле индуцираните клетки во нив. Две недели ги полнеле срцата со хранлив раствор . По тие две недели, срцата содржеле добро структурирано ткиво кое изгледало слично со незрели срца, а кога научниците им дале електричен шок срцата започнале да чукаат.

Ова не е прв пат срцево ткиво да биде произведено во лабораторија, но ова е најблиску до целта која сакаат да ја постигнат научниците – да создадат комплетно и функционално човечко срце. Истражувањата ќе продолжат, а научниците се надеваат дека набрзо ќе можат да креираат срца за пациентите кои се на листата за трансплантација, како и за оние кај кои постои ризикот од отфрлање на новото срце.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука