X
 14.04.2020 Здравје

Колку чекори дневно треба да правите за да живеете подолго?

Во истражување објавено во магазинот ЈАМА е утврдено дека кај луѓето што дневно прават по 8.000 чекори (приближно 6,5 километри) било забележано 51 отсто помала веројатност да умрат во наредните десет години од која било причина, вклучувајќи рак и болести на срцето, во споредба со оние што пешачат двапати помалку.

Ако правите повеќе, на пример, 12.000 чекори, веројатноста за смрт ќе биде 65 отсто помала од оние што прават 4.000 чекори.

До овие резултати научниците дошле со анализа на податоци на репрезентативен примерок од 4.840 Американци постари од 40 години, кои ги следеле десет години и им ги броеле чекорите со уред што го носеле. Во десетгодишен период починале 1.165 учесници од истражувањето.

Истражувањето покажало дека без оглед на возраста, полот или расата, повеќе чекори значи и помал ризик од смрт. Притоа интензитетот на одење не бил важен, туку бил важен бројот на направени чекори.

Овој наод дава веродостојност на повиците луѓето да станат поактивни, помалку да седат и повеќе да се движат, што може да биде предизвик за оние што се справуваат со изолација и карантин.

Извор: Washington Post
Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје