На социјалните мрежи се споделува мапа која ја покажува просечната количина на фрлена храна по глава на жител на годишно ниво во Европа. Бројките се изненадувачки, особено кога ќе ги видиме црвените зони.
Најмногу храна се фрла во Грција – дури 142 кг по глава на жител, додека со резервите најрационално располагаат Русите (33 кг) и Словенците (34 кг).
„Во побогатите земји помалку се фрла“, пишува во еден коментар.
Според мапата, во Македонија се фрлаат 80 кг храна по глава на жител.
Фото: freepik