X
 14.07.2020 Технологија

Електричен велосипед со мотор од машина за перење достигнува над 100 км/ч

Еден корисник на „Редит“ од Грција, потпишан со името jimminecraftguy, се пофали со својот проект и привлече внимание во заедницата на љубители на такви проекти, но и на велосипеди. Имено, тој бесплатно дошол до електромотор од машина за перење алишта и потоа го монтирал на прилично обичен градски велосипед стар околу 20 години. Резултатот е супервелосипед на струја кој може да постигне брзина од околу 100 километри на час.

Овој еднонасочен електромотор без четки има декларирана сила од 1.100 W, но креаторот на електричниот велосипед вели дека не го напојува со батерии до полна сила бидејќи така би можел да постигне и до 150 километри на час, што би можело да биде смртоносно.



Моторот е модифициран, па може да работи на напон од 48 V, додека и самиот велосипед е малку преработен и на електричен погон може да се движи и без возачот да ги врти педалите. Следниот чекор, според креаторот, е да се доработи електрониката, да се зголемат батериите и да се направи капак кој би го сокрил погонскиот систем во рамки на велосипедот.

Извор и насловна фотографија: Bug
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија