X
 14.07.2021 Живот

Од диети до секс - што определува колку долго ќе живееме

Сите познаваме некоја личност што живеела до 90-тата година иако пиела алкохол и пушела. Токму поради оваа личност, често се запрашуваме колку навистина влијае нашиот животен стил врз нашиот животен век?

Поради пандемијата на коронавирусот, просечниот животен век во Велика Британија опадна за 16 месеци за мажите и 11 месеци за жените.

- Таквиот пад е без преседан во модерните времиња и претставува најголем пад на очекуваниот животен век уште од Втората светска војна - вели д-р Вена Рали, постар соработник во добротворна организација за здравствена заштита.

- Тоа е позагрижувачко бидејќи подобрувањата во очекуваниот животен век веќе значително се забавија во деценијата пред пандемијата - додава д-р Вена.

Звучи депресивно? Направете го квизот и откријте како неколку едноставни промени во животниот стил можат да додадат неколку години во вашиот живот.

Здравје и фитнес


Редовно вежбање: Ова може да спречи цела низа здравствени проблеми, од дијабетес до остеопороза.

Колку повеќе вежбате, толку помалку клетки во вашето тело стареат, се вели во истражување на научниците од Универзитетот „Бригам Јанг“ во САД.

1
Фото: Freepik

Оние што енергично вежбале три часа неделно имале биолошки маркери за стареење кои биле девет години помлади отколку на оние што седеле. Не заборавајте ги градинарството и други активности.

3 часа енергични тренинзи неделно - додајте 9 години на вашиот животен век.

Индекс на телесна маса (БМИ): Тежината кај повеќето луѓе варира и сите луѓе се различни. Но, ако индексот на телесна маса оди кон прекумерна тежина или дебелина, можеби е време да побарате помош. БМИ од 25 до 29,9 се смета за прекумерна тежина, додека ако човек има над 30 БМИ, се смета за дебел. Научниците од Универзитетот во Алабама откриле дека БМИ 25-35 може да го скрати очекуваниот животен век за околу 3 години.

Ако вашиот БМИ е над 25, минус 3 години.


Пушење: Го зголемува ризикот од карцином, хронични белодробни заболувања, срцеви заболувања, мозочен удар и астма - затоа не е изненадување што пушењето може да го скрати вашиот животен век.

Всушност, Центарот за контрола и превенција на болести во САД проценува дека мажите што не пушат живеат 13 години подолго, додека жените непушачи живеат дополнителни 14,5 години во споредба со пушачите.

Но, добрата вест е дека ако се откажете, можете да очекувате дека ќе живеете една деценија подолго отколку ако продолжите да пушите, вели ЦДЦ.

Ако пушите, минус 13 години. Но, ако се откажете од цигарите, додајте 10 години.

Ризик од дијабетес:
Дијабетесот е сериозна состојба кога нивото на шеќер во крвта на лицето е превисоко.

Постојат два главни типа на болеста. Дијабетес тип 1 е кога вашето тело не може да прави инсулин, а тип 2 е кога телото не може да произведе доволно инсулин.

Како резултат, глукозата не може правилно да влезе во вашите клетки и така почнува да се таложи во крвотокот.

Со текот на времето може да предизвика сериозно оштетување на срцето, очите, стапалата и бубрезите.

Експертите сè уште не знаат што точно предизвикува тип 1 и затоа не може ништо да се направи за да се спречи тоа.

Но, истражувањата покажаа дека поздрава исхрана, повеќе вежби и одржливо губење на тежината може да им помогне на некои луѓе со тип 2 да го стават својот дијабетес во ремисија.

Ако имате тип 1, минус 20 години. Ако имате тип 2, минус 10 години.

Исхрана


Истражувачите откриле дека луѓето што имале повисоки омега 3-масни киселини живееле околу две години подолго од оние со пониско ниво.

Пет порции на ден: Тешко е да се поверува, но луѓето што јадат пет порции на ден живеат во просек три години подолго од оние што немаат ваква навика во исхраната.

Ако јадете пет порции на ден, плус 3 години.


Консумирање алкохол:
Во истражување објавено во „Лансет“ било откриено дека пиењето повеќе алкохол го зголемува ризикот од мозочен удар, срцева слабост и фатална аневризма. Научниците откриле дека ако пиете 5 до 10 чаши вино неделно, вашиот животен век на 40 години се намалува за 6 месеци.

Ако пиете 10 до 18 чаши вино неделно, вашиот животен век опаѓа за една до две години, а на оние што пијат 18 и повеќе чаши неделно животниот век им опаѓа од 4 до 5 години.

riba
Фото: Freepik

Малку консумирање алкохол, минус 6 месеци; Умерено консумирање алкохол, минус 2 години, прекумерно консумирање алкохол, минус 5 години.

Јадење јаткасти плодови: Научниците откриле дека луѓето што јадат јаткасти плодови пет дена во неделата живеат околу 2,9 години подолго од оние што не јадат.

Консумирање јаткасти плодови петпати неделно, плус 3 години.

Јадење риба:
Ако сакате да живеете подолго, време е да почнете да јадете риба.

Јадење три порции риба неделно, плус 2 години.


Животен стил

Грижа
: Научниците од Универзитет „Пурдју“ откриле дека постојаната загриженост може да го скрати животниот век до 16 години. Анксиозните нарушувања и депресијата го зголемуваат ризикот од предвремена смрт.

Ако постојано се грижите, минус 16 години.

Брачен статус: Стапувањето во брак го намалува животниот век на жената, но го зголемува животниот век на мажот, покажуваат истражувањата.

brak
Фото: Freepik

Ако сте младоженец, плус 1,7 година, ако сте невеста, минус 1,4 година.

Деца:
Можеби децата ве полудуваат, но станувањето родител може да ви помогне да живеете подолго. Се смета дека социјалните интеракции со другите родители, поздравиот начин на живот и поголема активност, како и фактот дека децата може да се грижат за вас додека стареете, придонесуваат за подолг живот.

Станувањето родител, плус 2 години.

Стрес на работа:
Стресот е нешто со кое се соочуваме сите. Денес нашите тела се соочуваат со постојан, хроничен стрес што го зголемува ризикот од заболувања.

Стрес и исцрпеност од работата, минус 2,8 години.


Социјален живот


Пријатели: Никогаш не била поочигледна важноста на нашите пријатели. Научниците во Австралија сметаат дека луѓето што редовно комуницираат со поголема група пријатели живеат подолго и имаат 22 отсто помали шанси да умрат во текот на следната деценија.

prijateli
Фото: Freepik

Разговор со пријателите секојдневно, плус 7 години.

Сексуален живот:
Повеќе секс може да ви помогне да живеете подолго.

Здрав сексуален живот, плус 8 години.


Гледање серии: Седењето и гледањето телевизија може да ви го скрати животот, предупредуваат експертите. Во истражувања од Австралија, САД и од Велика Британија било откриено дека оние луѓе што постојано гледаат серии имаат поголема веројатност да умрат помлади од поактивните луѓе.

Седење и гледање серии шест часа на ден, минус 4,8 години.


Книги: Ако имате навика да читате, продолжете. Освен што го проширувате умот, го зголемувате и вашиот животен век. Научниците од Универзитетот „Јеил“ во САД откриле дека читањето три и пол часа неделно може да ви додаде 2 години на вашиот животен век.

Читање три часа неделно, плус 2 години.


Извор: The Sun
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот