X
 26.10.2022 Живот

Мудри мисли за животот: „Вчера бев паметен, па сакав да го променам светот. Денес сум мудар, па се менувам себеси“

Колку и да се трудиме секогаш да бидеме расположени и позитивни, постојат денови кога сме тажни и се чини дека ништо не ни оди од рака.

Во вакви моменти, важно е да одвоиме малку време и да размислиме за сите работи во нашите животи кои докажуваат дека да се биде жив е најголемиот подарок што можеме да го добиеме. Токму овие мудри мисли ќе ви помогнат во тоа.

- Секогаш давај без да се сеќаваш на тоа и секогаш примај без да заборавиш на тоа - Брајан Трејси.

- Велат дека на една личност ѝ се потребни само три работи за да биде среќна на овој свет: да сака некого, да прави нешто и да се надева на нешто - Том Бодет.

- Работите што ги правите за себе ќе ги нема кога вас ќе ве нема, но работите што ги правите за другите остануваат како ваше наследство - Калу Ндукве Калу.

- Вчера бев паметен, па сакав да го променам светот. Денес сум мудар, па се менувам себеси - Руми.

- Ми се допаѓаат луѓето што се возбудуваат поради промената на годишните времиња, звукот на океанот, гледањето зајдисонце, мирисот на дождот и ѕвездените ноќи - Брук Хемптон.

- Ако не сте благодарни за она што веќе го имате, што ве тера да мислите дека би биле среќни со повеќе? - Рој Т. Бенет.

- Никогаш не заборавај кога ти беше тешко, а ти беше преплавен со чувства и се плашеше, и одеше сам, и се чувствуваше невидлив, и немаше одговори, и не можеше да го видиш патот и сакаше да се откажеш, а ти продолжи! - Накеја Хомер.

- Како што повеќе се фокусираш на тоа да станеш помирен со местото каде што се наоѓаш, наместо да се фокусираш на тоа каде повеќе би сакал да бидеш, почнуваш да наоѓаш мир токму сега, во сегашноста. Потоа, додека се движиш наоколу, се обидуваш да правиш нови работи и запознаваш нови луѓе, го носиш тоа чувство на внатрешен мир со себе. Апсолутно е точно дека каде и да одиш, таму си - Ричард Карлсон.

- Мојата мисија, доколку изберам да ја прифатам, е да најдам мир токму со тоа кој сум и што сум. Да се гордеам со моите мисли, со мојот изглед, со моите таленти, со моите маани и да ја спречам оваа непрестајна грижа дека не можам да бидам сакан таков каков што сум - Анаис Нин.

Извор: Bright Side
Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот