X
 14.08.2019 Култура

„Пријатели“ слави 25-годишнина од пилот-епизодата

ТВ-серијата „Пријатели“ оваа есен слави 25-годишнина од прикажувањето на првата епизода. По тој повод на 23, 28 септември и на 2 октомври во киносалите низ САД ќе бидат прикажани вкупно 12 епизоди, по четири во една вечер.

Како што соопштија од „Ворнер брос“, одбраните епизоди се преработени во 4К-резолуција и ќе имаат додатоци како што се интервјуа со протагонистите и досега необјавени снимки и сцени.

- Обожавателите ќе имаат можност да се потсетат на некои од најемотивните и најсмешните мигови од серијата – овој пат на големиот екран - изјави Реј Нат, претставник на организаторите на проектот.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура