X
 27.04.2023 Култура

„Нетфликс“ најави уште една сезона на серијата „Црно огледало“

Темната, научнофантастична серија го најави доаѓањето на шестата сезона на „Твитер“, со објава на официјалниот профил во која пишува: „Што пропуштивме?“

Со оглед на тоа што последната епизода од серијата се случи во 2019 година, многу сме пропуштиле.

За среќа, по четиригодишна пауза „Црно огледало“ се враќа со шеста сезона. Неодамна беше објавен првиот тизер за новите епизоди, најавувајќи дека шестата сезона ќе пристигне во јуни.

Актерската екипа треба да ја сочинуваат Арон Пол, Ањана Васа, Ени Марфи, Селма Хаек и многу други.

Иако не се знае многу за претстојните епизоди, креаторите на серијата велат дека ќе бидат најнепредвидливите, некласифицирани и неочекувани епизоди досега.

Извор: Ladbible.com
Фото: Screenshot/Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура