X
 14.08.2025 Живот

Од научници до инфлуенсери – за каква кариера сонува генерацијата алфа?

Генерацијата алфа, родените од 2010 година наваму, е првата генерација што целосно ќе расте во 21 век, обликувана од брз технолошки напредок, глобални кризи и менливи концепти за работата.

Истражувањето на „Џи-даблју-ај“ открива широк спектар на кариерни аспирации меѓу денешните тинејџери.

Науката и технологијата на врвот

Најголем дел од двата пола го гледаат своето идно место во науката и технологијата.

Речиси една третина од момчињата и речиси секое петто девојче сака да биде научник, инженер или иноватор.

Дизајнот на видеоигри и технолошкиот развој е исто така популарен избор, под влијание на дигиталната забава и сè поголемата запознаеност на младите со програмирање и нови технологии.

Кај момчињата, професионалниот спорт е силна амбиција (18 отсто), додека кај девојчињата здравствените професии се особено привлечни (19 отсто).

alfa
Фото: Visual Capitalist

Креативен повик

Не сите аспирации на генерацијата алфа се насочени кон СТЕМ-подрачјата. Уметничките кариери како музичари, танчери, актери и сликари, се најпосакувани кај девојчињата (21 отсто) и привлекуваат интерес и кај 11 отсто од момчињата.

Во меѓувреме, сè поголемата желба да се биде креатор на содржини или инфлуенсер ја покажува улогата на социјалните мрежи во редефинирањето на поимот „работа“. Околу 11–12 отсто од двата пола ја гледаат оваа насока како сериозна и атрактивна кариерна цел.

Извор: Visual Capitalist
Фото: Visual Capitalist
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот