Реткото затемнување на Сонцето можеби беше фасцинантно од Земјата, но новата снимка што го прикажува овој феномен од авион е можеби уште поспектакуларна.
Во средата навечер, милиони луѓе низ Европа беа сведоци на затемнувањето на Сонцето. Тоа беше првото целосно затемнување од 1999 година и за многумина претставуваше долгоочекувана глетка што се доживува еднаш во животот.
Затемнувањето започна околу 18 часот во Обединетото Кралство, иако во поголемиот дел од Британија и Западна Европа тоа беше само делумно затемнување, со покриеност од околу 92 отсто.
Сепак, жителите на одделни делови од Гренланд, Португалија и Шпанија имаа можност да го видат таканаречениот „тоталитет“, односно моментот кога Месечината минува точно помеѓу Земјата и Сонцето, оставајќи појас од површината на Земјата во целосен мрак.
Видеото објавено на платформата „Икс“ покажа како точно изгледал овој феномен од височина од неколку илјади метри, а глетката е навистина восхитувачка.
На видеото се гледа како небото добива заматена портокалова нијанса, пред совршениот кадар да ја улови Месечината како целосно ги покрива сончевите зраци и го потопува небото во моментна темнина.
Уште едно видео, споделено од „БНО њуз“, покажува како изгледало затемнувањето снимено од авион на „Иберија ерлајнс“ над Шпанија.
Извор:
LADbible.com
Фото: Screenshot/Twitter