X
 14.09.2024 Живот

Британците објавија листа со најстресни професии

Полицајците, социјалните работници и медицинските сестри имаат најстресни професии во Велика Британија, покажа истражување.

Полицајците се најдоа на прво место, со стапка од 6.500 на 100.000 сегашни и поранешни службеници кои пријавиле дека нивната работа има негативно влијание врз нивното ментално здравје. Оваа стапка е речиси два и пол пати повисока од националниот просек. Околу 11.000 од вкупно 169.231 полицаец изјавиле дека нивните работни места предизвикале или им ги влошиле проблемите со менталното здравје, што е 6,5 отсто од вкупниот број вработени на оваа позиција.

Социјалните работници се на второ место, со стапка од 6.100 на 100.000 сегашни или поранешни социјални работници кои пријавиле проблем со менталното здравје поврзан со работата.

На третото место се најдоа стручни лица за социјална заштита и домување.

Истражувањето е спроведено од експерти од веб-страницата „Claims.co.uk“ кои ги анализирале владините податоци за здравјето и безбедноста, гледајќи ги преваленцијата и стапките на самопријавен стрес, депресија или анксиозност предизвикани или влошени од тековната или неодамнешната работа.

Според податоците, сметководителите, менаџерите на плати и службениците имаат најмалку стресни работни места во Велика Британија.

Листа со најстресни професии

1. Полициски службеници;
2. Социјални работници;
3. Специјалисти за социјална заштита и домување;
4. Патронажни сестри;
5. Други здравствени работници;
6. Високообразовен наставен кадар;
7. Стручни лица во наставата во основно образование;
8. Стручни лица во наставата во средно образование;
9. Менаџери и директори на човечки ресурси;
10. Административни професии во државната власт.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот