X
 26.03.2022 Живот

Компании што плаќаат за да не правите ништо

Замислете да имате работа која од вас бара да вложите минимален труд. Очигледно во светот постојат компании кои плаќаат луѓе да прават активности кои ние често ги правиме бесплатно.

Плата за гледање „Нетфликс“

Оваа кариера стана популарна во 2018 година. Активностите на вработениот се да гледа „Нетфликс“ и потоа да додава соодветни ознаки на сериите и филмовите со кои насловите може да се подредуваат во категории. Не е познато колку заработуваат овие лица, а единствената лоша страна е тоа што „Нетфликс“ одлучува која содржина треба да ја гледате.

Плата за чекање во редица

Доколку имате трпение и слободно време, може да бидете платени да чекате во редица наместо некој друг. Повеќе компании вработуваат вакви луѓе, како американската „Скип д лајн“. Вработеното лице чека во редица на настан наместо некој друг, без разлика дали е концерт, музеј, ресторан, па дури и за тест за ковид-19. Се проценува дека овие лица се платени околу 17 долари на час.


Фото: Pixabay

Плата за слушање музика

Компании како „Плејлист пуш“ или „Слајс д пај“ им плаќаат на оценувачи да слушаат нова музика на „Спотифај“, но треба да бидете примени во нивната програма за да го правите ова. „Хит предиктор“ им плаќа 0,2-0,3 центи за песна.

Плата за тестирање кревет

Се проценува дека тестерите на кревети заработуваат околу 49.000 долари годишно. Лицата со искуство имаат поголеми шанси да бидат примени за ваков ангажман.

Плата за да бидете старосватица или кум

Компанијата „Брајдсмејд фор хајр“ им нуди платена старостватица на младенците за 2.000 долари. Џен Гленц го започнала овој бизнис и сега нуди курс за професионални старосватици. Компанијата „Грумсмен фор хајр“ нуди кумови за свадби за цени од 500 долари па нагоре.


Фото: Pixabay

Плата за да чувате кучиња

Вег“, „Ровер“, „Петситер“ и „Пошејк“ се неколку компании со кои може да најдете куче што ќе го чувате или шетате. За возврат добивате надомест од сопственикот. Се проценува дека може да се заработат околу 22.000 долари годишно со оваа работа.

Плата за читање

Буклист“ им плаќа на читателите на книги 15 долари по рецензија за книга. Но за да заработувате на овој начин, треба да бидете примени во нивната програма. „Киркус медиа“ исто така им плаќа на читателите за да читаат.

Плата за заднински актер

Веб-страници како „Бекстејџ“ и „Одишнс фри“ објавуваат повици за луѓе кои се појавуваат во заднината на серии и филмови. Некои од нив нудат дневница и до 180 долари.

Извор: Indy100
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот