X
 14.09.2025 Живот

Сите оптимисти размислуваат слично, но секој песимист ја замислува иднината на свој начин

Оптимистите навистина „размислуваат слично“, буквално! Неодамнешна студија од Универзитетот „Кобе“, објавена во списанието ПНАС, откри врска помеѓу оптимизмот и мозочната активност. Користејќи функционална магнетна резонанса (фМРИ), научниците ги мапираа мозоците на луѓето додека ја замислуваа иднината.

На иста бранова должина

Резултатот? Моделите на невронска активност во медијалниот префронтален кортекс, делот од мозокот одговорен за планирање и социјална интеракција, кај оптимистите покажаа изненадувачка сличност. Имено, оптимистите ги замислуваа идните настани речиси „на иста бранова должина“.

Од друга страна, песимистите ја замислуваат иднината на свој уникатен начин, а нивните мозочни модели се многу поразновидни. Авторите на студијата веруваат дека токму синхронизацијата на мозочните модели на оптимистите објаснува зошто тие полесно се поврзуваат социјално, додека песимистите остануваат поиндивидуалисти и потенцијално поосамени.

Невробиолошка основа

Оптимистите, исто така, многу појасно ги разликуваат и замислуваат негативните и позитивните сценарија, додека песимистите ги мешаат и ги преиспитуваат.

- Изразот „да се биде на иста бранова должина“ кај оптимистите доби буквална невробиолошка основа - заклучуваат истражувачите, парафразирајќи мисла од „Ана Каренина“ на Толстој: „Сите оптимисти се исти, но секој песимист ја замислува иднината на свој начин“.

Извор: bug.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот