Остерволде, урбан експеримент лоциран источно од Амстердам во општината Алмере, претставува уникатен модел на живеење. На површина од 4.300 хектари, жителите имаат голема слобода и необични правила - мора да одгледуваат градини.
Во заедницата живеат околу 5.000 жители и има сè поголема листа на чекање. Тие можат да градат куќи по сопствен избор, но мора заеднички да одлучуваат за инфраструктура како што се патишта, отпад, имиња на улици, па дури и училишта.
Земјоделството е задолжителен дел: од градини, стакленици и овоштарници до парцели што се одржуваат од професионални земјоделци.
Проектот е пофален од истражувачи и експерти како редок пример каде што урбаното земјоделство не е опција, туку задолжителен дел од планот за развој. Таквиот пристап овозможува локално производство на храна и потенцијално може да обезбеди значителен дел од потребите на Алмере.
Со климатските промени, регионот добива услови кои дозволуваат одгледување на нови култури како авокадо и цитрусни дрвја. Иако предизвикот бара време, знаење и посветеност, властите и жителите развиваат иницијативи за поддршка, како што е „Фуд хаб“ - центар за преработка на храна и размена на знаења.
Крајната цел е Остерволде да обезбедува околу 10 отсто од храната за Алмере. Моделот се разгледува и како потенцијален пример за други региони, каде што интеграцијата на земјоделството во урбаниот развој би можела да придонесе кон еколошки, социјални и економски придобивки.
Извор:
dw.com
Фото: Screenshot/YouTube