X
 01.07.2017 Образование

Холандија и Сингапур лидери во образовните истражувања

Помали Европски земји како Холандија и Азиските земји како Сингапур се меѓу светските лидери во однос  на образовните истражувања, покажуваат најновите податоци.

фото извор: Getty images

Во овие две земји, научните објави во образованието се застапени за дури 50% повеќе отколку просечните објави во светот. Сингапур исто така е на врвот од областа истражување во науката, читање и математика.

Европските нации кои се релативно успешни во Пиза се исто така меѓу оние кои се на врвот на табелата што се однесува до истражувањата: Холандија, Белгија, Швајцарија, Финска.

На врвот на листата земји со најголема продуктивност за образовни истражувања се Кипар и Нов Зеланд. САД и Велика Британија, кои имаат голем број на образовни истражувања, се појавуваат на врвот на листата на земји со излезен удел.

Ова се последните податоци за оваа тема, но експертите сметаат дека често се случува многу лоши истражувања да бидат објавени во одлични списанија и обратно, па можеби и нема голема поврзаност помеѓу бројот на научни објави и квалитетот, односно издржаноста и успехот на научната студија и објава е во најголем дел индивидуална.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование