X
 24.11.2017 Култура

Холандското чудо што го воодушеви светот

holandija
Фото: Printscreen/Youtube

На легендарната брана „Афслуитдијк“, која се наоѓа во Холандија и се користи веќе 85 години, ѝ е потребна реконструкција, така што холандската влада му се обрати на архитектот Дан Росегарде за помош.

Студиото „Росегарде“ неодамна го претстави својот проект „Икон Афслуитдијк“ што е составен од три привлечни сегменти: „Гејтс оф лајт“, „Виндвогел“ и „Глоуинг нејчр“. Тие содржат елементи од енергетски змејови до живи биосветлечки алги. Проектот е наменет за зајакнување на иконската вредност на браната, со инсталации што донесуваат светлина откако ќе зајде сонцето.

„Гејтс оф лајт“ ја опфаќа обновената брана од 1932 година, опремена со призми што рефлектираат светлина со фарови од возилата. Доколку нема автомобили, конструкцијата нема да свети. Студиото изјави дека било инспирирано да користи ретрорефлексија базирана на тоа како крилјата на пеперутката рефлектираат светлина.



„Виндвогел“ би можел да обезбеди доволно енергија за снабдување на 200 домаќинства. Паметните сајли на змејовите се движат напред-назад со ветерот за да генерираат енергија.

„Глоуинг нејчр“ е изложба во историски бункери на брана со живи алги. Биосветлечките микроорганизми светат само кога се допираат под оптимални услови. Тие би можеле да дадат инспирација за осветлувањето или енергетско решение во иднина.



„’Афслуитдијк‘ претставува дел од холандската важност и иновативност. Живееме со водата, се бориме со водата и настојуваме да сме во согласност со неа... Со суптилно додавање на светлината и интеракцијата ја подобруваме убавината на браната и создаваме нова врска помеѓу човекот и неговото опкружување, темнината и светлината, поезијата и практиката“, велат од студиото.

Гејтс оф лајт“ ќе стане постојан дел од браната. „Глоуинг нејчр“ и „Виндвогел“ може да се видат до 21 јануари 2018 година.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура