X
 25.09.2023 Живот

Колкава годишна плата би ги задоволила граѓаните на земјите низ светот и колку изнесува во Македонија?

Истражувачите тврдат дека ја пронашле оптималната сума на пари на годишно ниво што им е потребна на граѓаните во 173 земји за да бидат среќни.

Жителите на Иран имаат највисоки барања за плата што би ги направиле среќни, со тоа што на Иранчаните им е потребна плада од речиси 239.700 долари годишно за да бидат задоволни. На другиот крај од скалата се жителите на Сиера Леоне, на кои им е потребен само приход од 8.658 долари годишно за да бидат задоволни.

Јемен се најде на второто место со 172.140 долари, после него е Австралија со 121.191 долар за нејзините жители да бидат среќни. Остатокот од листата на првите 10 земји ги вклучува Зимбабве (118.342 долари), Норвешка (117.724 долари), Швајцарија (115.745 долари), Нов Зеланд (114.597 долари), Израел (112.506 долари), Исланд (111.908 долари) и САД (105.000 долари) за да бидат среќни.

Истражувањето, направено од девизниот провајдер „Ес мани“, покажа дека среќата е најпристапна во Сиера Леоне, каде на жителите им е доволен приход од 8.658 долари. Веднаш зад Сиера Леоне е Суринам, каде годишниот приход од 10.255 долари ќе ги направи луѓето среќни. Потоа следуваат Мадагаскар (11.355 долари), Гвајана (11.707 долари), Судан (11.845 долари), Никарагва (11.941 долар), Колумбија (12.159 долари), Гамбија (12.597 долари), Боливија (12.795 долари) и Гана (12.949 долари).

pari
Фото: S Money

Koга станува збор за нашата земја, на луѓето во Македонија им се потребни 16.337 долари на годишно ниво за да бидат среќни, што претворено во евра, тоа би биле околу 1.200 евра месечно. На Бугарите им се потребни 21.678 долари годишно за да бидат среќни, на Србите 19.922 долари, на Хрватите 22.703 долари, а на Босанците 19.406 долари.

Како се пресметани сумите?

Прво, истражувачите консултирале студија на Универзитетот „Пердју“ која ја анализирала врската помеѓу среќата и приходот за да ја откријат цената на среќата во секоја земја и одредени градови. За да ја откриеме локалната цена на среќата по земја, ги конвертиравме бројките во локални валути користејќи стапки на куповна моќ специфични на земјата. Коефициентите на куповната моќ го претставуваат бројот на единици на локална валута кои се еднакви на куповната моќ на еден американски долар во САД - велат од „Ес мани“.

Извор: Daily Mail
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот