X
 28.06.2016 Живот

Времето во Македонија во наредните 5 (пет) дена

Денес е вторник, 28 јуни 2016 година, 180-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 04:56, а ќе зајде во 20:15 часот. Денот ќе трае 15 часа и 18 минути.

Ова утро во Македонија имаме доста различни временски услови. Во Тетовскиот, Скопскиот и Велешкиот регион имаме облачно време со врнежи од дожд, во југоисточните и североисточните предели појава на локална облачност, а во останатите предели претежно сончево време.

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија денес претпладне ќе биде претежно сончево со локално облачност, а во северните и централните предели нестабилно со локални врнежи. Во попладневните часови врнежи од дожд се очекуваат во северозападните, западните и југозападните предели, а услови за врнежи ќе има и во крајните источни и североисточни предели. Ќе дува доумерен засилен североисточен и северозападен ветер. Утринските температури од 12 до 20 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 21 односно до 32 степени. УВ индексот ќе има вредност 7.

СКОПЈЕ - Во Скопје во утринските часови умерено облачно со врнежи од дожд кои претпладне ќе престануваат. Во доцните попладневни часови повторно ќе има услови за врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 18 степени, а максималната дневна до 29 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во наредните денови стабилизација на времето. Во среда претежно сончево со локална облачност и потопло со дневни температури од 23 до 34 степени. Во четврток сончево и топло со пораст на максималните температури кои ќе достигнат до 26 односно до 37 степени. Во Петок и сабота претежно сончево со локална облачност и топло. Во попладневните часови во петок во централните, а во сабота во североисточните и источните предели ќе постојат услови за локални врнежи од дожд и грмотевици. Максималните температури ќе бидат во пораст и ќе се движат од 28 до 38 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот