X
 10.10.2015 Технологија

Најдобрите бизнис апликации кои не сте ги знаеле

Страната Webiot создаде листа на најдобрите апликации во бизнис светот за кои голем дел од вас воопшто не знаат. Тие сметаат дека нивната листа е подобра од другите поради тоа што апликациите се бесплатни и нови.

 

app


1. Bitrix 24


Оваа алатка е совршена за луѓе кои работата со клиенти, управуваат со проекти, работат во call центри, виртуелни канцеларии, кои се на висока позиција и потпишуваат разни документи, маркетинг и друго. Кај оваа апликација постојат три добри работи. Прво, ги регулриа односите со клиентите и вработените. Второ, соработка, планирање и управување со проекти. Трето, информациски систем за човечки ресурси. Едноставно кажано, оваа апликација е одлична бизнис платформа. Целосно бесплатна за до 12 корисници во група. Достапна е за  iOS, Android, Web, Unix, Linux, Windows и MacOS.

2. Qwilr

Малку е тешко да се објасни на кој принцип работи оваа апликација доколку никогаш не сте ја пробале. Таа всушност го претвора секој документ во интерактивна интернет страна. Ова е одличен начин да создадете убава презентација за вашите клиенти или извештај за инвеститорите. Оваа апликација има доста потенцијал, а направена е од поранешните членови на Google.

3. Wave accounting

Оваа моќна сметководителска платформа е целосно бесплатна. Она што е добро кај неа е услугата на скенирање која можете да ја употребите едноставно преку вашата камера на мобилниот телефон и со додавање на апликацијата „Receipts by wave“. За разлика од другите апликации кои се занимаваат со трошоци, оваа сметководствена платформа исто така може да се користи како платен список и за фактурирање.

4. BizAgi

Оваа бесплатна апликација ги решава деловните проблеми и ја користат повеќе од 500.000 корисници ширум светот. Помалите компании не водат грижа за процесите, стандардите и процедурите, но ако имате тенденција да растете, оваа апликација е повеќе од потребна.

5. Schedulehead

Ова е одличен сервис за правање распоред за вработените. Доколку ја користат 10 корисници и еден администратор, таа е бесплатна и опфаќа база на знаења и испраќање меилови.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија