X
 04.02.2015 Живот

Непишани правила на сите сестри

Постои код на сестри. Вистина е. Вака оди:


Секогаш си на страна на сестра ти за време на расправа.

Понекогаш, не разбираш зошто си на нејзина страна, но тоа е во ред.

Тајната кажана од сестра не се кажува никому.

Дури ни на мајка ти. Особено не на мајка ти.

Понекогаш ќе се расправате меѓусебно. И тоа е во ред.

Но, кога грешиш, извини се.

Дури и кога не грешиш, извини се.

За време на празниците, мора да поминете барем еден ден само јадејќи и гледајќи телевизија или филмови.

Мора да имате и ден кога правите само грди „селфиња“.

Секогаш си разменувате облека.

Но, секоја има свои алишта кои се само нејзини!

Никогаш не откриваш никому колку може да изеде сестра ти.


Мораш да и' се смееш на сестра ти за нешто од минатото.

Доколку некој ја повреди сестра ти, ја мразиш таа личност.

Доколку некој ја откачи сестра ти, ја мразиш таа личност.

Мора да „лајкнеш“ сè што сестра ти објавила.

Телефонот секогаш мора да ти биде достапен во случај да и' е здодевно на сестра ти.

Мора да ги поддржиш дури и најглупавите планови на сестра ти.

Кога родителите не се согласуваат со тие планови, помини часови убедувајќи ги во спротивното.


Мора да го анализирате секој семеен настан заедно.

Ако си постара, мора да и' помагаш со домашната, да ја научиш како да ги одбегнува правилата на родителите и да го повреди секое момче кое ја повредило.

Ако си помалата, мора да внимаваш кога сестра ти е излезена до доцна, да ја слушаш додека се жали за работа и да го удриш секое момче кое ја повредило.

Ако сестра ти има нова другарка, мора да ја следите на социјалните мрежи додека не чувствувате дека ја знаете цел живот.

Секогаш мора да бидете искрени. Сестрите не лажат.

Мора да танцувате и пеете заедно, и тоа често.

Ако си помала, мораш да ја копираш сестра ти.

Ако си постарата, мора да сфатиш дека сите помали сестри ги копираат постарите.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот