X
 29.05.2015 Живот

Неколку работи кои постарата сестра никогаш нема да ви ги каже

Кога сте помалото дете во семејството, треба да ги слушате и постарите браќа/сестри, не само родителите. Помладата сестра секогаш се жали дека е третирана како бебе, но и на постарите сестри не им е лесно. Има многу нешта за кои таа секогаш премолчува наместо да се жали.


Таа поминала години како единственото дете и родителите биле построги со неа

Родителите не знаеле што да прават за да ја заштитат и одгледаат добро, па вашата сестра веројатно живеела според построги правила. До времето кога сте се родиле вие, тие веќе научиле да бидат поопуштени. Вашата сестра ги поминала тешкотиите и за вас.

Од неа се очекува повеќе

Таа требала да ги исполни сите очекувања пред да се родите, но и потоа. Таа секогаш ќе биде постарата личност што треба да биде поодговорна и поуспешна.

Од неа се очекува да биде добар пример

Од неа се барало да биде позрелата отколку останатите деца на нејзина возраст затоа што знае дека вие ја гледате како пример.

Таа ви олеснува со советите

Нејзините тешко научени трикови вие ги земате здраво за готово и не забележувате дека животот ви е многу олеснет токму поради неа. Сите тие мали совети се корисни.


Таа им помага и на вашите родители

Секако, понекогаш мора да бидете прекорени и казнети од страна на родителите, но имајте предвид дека казната би била и построга доколку не била вашата сестра. Постарите сестри разговараат со родителите и им кажуваат како се чувствувате, притоа помагајќи им да се соочат со проблемите подобро.

Таа се грижи за вас

Верувале или не, таа се плаши и грижи за вас дури и кога одите на состанок со момчето. Таа ви дава совети за соочување со можните проблеми, но истовремено се грижи да не бидете повредени повеќе од било кој друг бидејќи и таа била на истото место на кое сте сега вие.

Кога ве критикува, тоа е добро

Понекогаш, вашата сестра изгледа злобно бидејќи ве критикува, но поголемиот дел од времето, тоа е начин на кој ви помага и ве мотивира да бидете подобри и посилни.

Таа била наставник, дадилка и телохранител

Таа ве подучува, ве чува и ве штити, иако претходно немала искуство во тоа. Замислете како е да правите нешто што не сте го правеле порано? Постарата сестра некогаш можеби дури била подготвена да влезе во физичка пресметка за вас.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот