X
 10.02.2015 Живот

Временска прогноза: Ледено утро во Македонија

Вторник ќе ни донесе ледено утро во Македонија, насекаде ќе имаме негативни утрински температури. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и ветровито.

Попладне продор на влажна воздушна маса во северозападните и западните предели каде ќе постојат услови за провејување на слаб снег. Да напоменеме дека се работи за слаби врнежи од снег.

Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 30 км/ч.

Утринските температури ќе се спуштат до -10 односно до -2 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до -4 односно до 5 степени.

Во Скопје во вторник ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне со услови за провејување на слаб снег. Ќе дува засилен северозападен ветер. Утринската температура од -4 степени, а максималната дневна температура ќе достигне до 3 степени.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот