X
 08.03.2017 Живот

Временска прогноза до крајот на неделата

Денес е среда, 8 март 2017 година, 67-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:53, а ќе зајде во 17:36 часот. Денот ќе трае 11 часа и 43 минути.



Во раните утрински часови имавме облачно време со врнежи од дожд кои што постепено престануваат, но веќе претпладне не очекуваат нови врнежи.

МАКЕДОНИЈА – Во текот на денот не очекува облачно време со поинтензивни врнежи од дожд, кои што ќе бидат проследени со засилен ветер. Поинтензивни врнежи се очекуваат во западните, југозападните и јужните предели, локално да наврнат и над 30 литри. Ќе дува доумерен засилен северен и североисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 40 км/ч претежно во западните предели. Минималните температури од 1 до 8 степени, додека пак максималните температури ќе достигнат до 4 односно до 14 степени.

СКОПЈЕ - Во Скопје денеска се очекува облачно време со врнежи од дожд кои што попладне ќе бидат поинтензивни. Ќе дува доумерен североисточен ветер. Утринската температура од 7 стапени, а максималната дневна до 13 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во четврток умерено облачно време со повремени сончеви периоди, само во јужните, југоисточните и источните предели претежно облачно време со врнежи од дожд. Утринските температури од 1 до 9 степени, додека пак максималните ќе се движат од 5 до 15 степени. Во петок малку посвежо утро со утрински температури од -1 до 7 степени, додека пак во текот на денот умерено облачно време со повремени сончеви периоди и малку посвежо со дневни температури од 4 до 14 степени. Падот на утринските температури ќе продолжи и во сабота и недела кога ќе се спуштат од -3 до 5, односно од -5 до 3 степени. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и дневни температури кои ќе се движат во интервал од 4 до 14 односно од 6 до 16 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот