X
 21.02.2015 Култура

Храмот на сите религии во Русија

Храмот на сите религии е архитектонски комплекс во Сароје Аракчино, во Казан општината во Русија. Цврсто групиран на мало место, комплексот се состои од неколку куполи и минариња кои ја претставуваат религиозната архитектура на 12-те најголеми религии во светот.

 

храм


Тука можете да го сретнете христијанскиот крст, муслиманската полумесечина, ѕвездата на Давид и кинеската купола. Сепак, не се изведуваат никакви церемонии во внатрешноста бидејќи храмот не функционира. Зградата претставува само културен центар кој служи и како дом на сопственикот - локалниот уметник и филантроп Илдар Кханов, кој живее со неговите помошници и заедно практикуваат духовно исцелување.

Кханов верувал дека сите религии се исти, и Храмот на сите религии бил неговиот начин да ги стави под еден покрив. Храмот започнал да се гради во 1992 година, и се`уште е во фаза на изградба. Планот на Кханов бил да изгради 16 куполи кои одговараат на 16-те светски религии. За жал не успеал да го види неговото завршување, затоа што починал во 2013 година.

Храмот стана популарна атракција во Казан, кој се гордее со оваа мирољубива комбинација на различните култури, вклучувајќи ги и Исламските Татари, Русите христијани и други религии. 

 

Линк до галеријата.

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура