X
 10.03.2015 Живот

Како да сокриете објава на "Фејсбук" само од одредени пријатели?

„Фејсбук“ е одлична социјална мрежа за поврзување со пријателите, но понекогаш не сакате секој во вашата листа на пријатели да знае се' за вас. Сепак, секој од нас заслужува приватност.


Лесно е да се сокрие одредена објава од дел од пријателите. Можно е и да објавите нешто само за одредени корисници.

За да сокриете објава од некој пријател, кога ќе ја напишете вашата објава притиснете на копчето „Пријатели“ (Friends) лево од копчето за објавување и притиснете „Повеќе опции“ (More options). Одберете „Custom“.





Во делот „Don't share this with" притиснете на „These people or lists“ и напишете го името на корисникот од кого сакате да ја сокриете објавата.


Освен тоа, може да споделите објава само со одредени луѓе.

Кај подесувањата за споделување, исклучете ја можноста за споделување со пријателите со притискање на „X“ на „Friends“.

Напишете го името на корисникот со кого сакате да ја споделите објавата.




Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот