X
 28.03.2018 Технологија

Што ветуваше Закерберг пред девет години

Среде скандалот што го тресе „Фејсбук“ поради начинот на кој компанијата „Кембриџ Аналитика“ ги користела податоците на корисниците на социјалната мрежа, Би-би-си повторно го објави своето интервју од 2009 година со коосновачот и шеф на најголемата социјална мрежа на светот.



Во разговорот со новинарката Марк Закерберг, меѓу другото, категорично тврди дека нема да ги продава податоците на корисниците и додава дека заштитата на приватноста е исклучително важна за „Фејсбук“ и дека алатките за управување со податоците ја прават единствена мрежата.

Сепак, на прашањето како мисли да заработува, тој одговара: „Со рекламирање“.

- Постојат многу различни компании и ентитети што сакаат да закупат реклами за со помош на информациите што ги имаат - која и да е нивната порака - да дојдат до што е можно повеќе луѓе - рече тогаш Закерберг.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија