X
 12.03.2015 Култура

Што се случувало кога некој не се согласувал со Њутн?

Исак Њутн го достигнал високото ниво на генијалност во две различни дисциплини - физика и правење на луѓето да се чувствуваат мизерно. Ова е приказна за неговите достигнувања во втората дисциплина. Овојпат, на другата страна од Њутн се наоѓал еден астроном наречен Џон Флемстид кој направил грешка што не се согласувал со физичарот.


Флемстид и Њутн започнале како добри пријатели. Тие ги поминале 1680-те среќно разговарајќи за две светла на небото забележани во 1680 година, кои биле две комети или една комета која поминала двапати. Ова било причина за Флемстид да започне со истражување на небото. До средината на 1680-те години, тој станал почитуван астроном и правел мапа на ѕвездите која сакал да ја објави кога ќе биде завршена.

Во меѓувреме, Њутн сметал делка кометите кои се враќале се привлечени од Земјата од некоја мистериозна сила. Тие можеби кружат околу Земјата исто како што Месечината кружи околу нашата планета. Можеби се работи за истата сила. Њутн сакал да ја истражува оваа негова теорија, но за да го прави тоа му биле потребни мапите на Флемстид, иако незавршени.

Њутн во тоа време веќе бил познат како генијален научник. Кога Исак Њутн ги сакал материјалите, тој сакал да ги добие веднаш, без разлика дали се објавени или не. Флемстид прво му ги пратил материјалите на својот помошник наместо своите. Њутн бил ужаснат од грешките кои ги забележал. Тој му напишал навредливи писма на астрономот, а потоа му се обратил на принцот да му нареди на Флемстид да напише книга во која ќе ги има сите тогашни податоци.


Но, Флемстид се' уште немал доволно податоци за да состави книга. Њутн отишол во Кралската опсерваторија, кадешто работел Флемстид. Тие започнале да се борат за опремата, која Флемстид се обидел да ја заштити од испитувањата на Њутн. Флемстид успеал да ги зачува своите податоци и целата опрема.

Дури во 1712 година Њутн успеал да влијае на кралицата и принцот да го принудат Флемстид да ги објави своите податоци. Упорноста на Њутн се исплатела, иако тој требало да биде трпелив со децении. Флемстид ги објавил материјалите.

Кралицата починала во 1714 година, а нејзиниот наследник не го сакал Њутн. На барање на Флемстид, сите копии од малата книга биле изгорени. Но, во меѓувреме, Њутн веќе ја објавил својата теорија за движењето на месечината.

Целосната работа на Флемстид, како што астрономот сакал да биде објавена била пуштена во јавноста по неговата смрт.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура