X
 19.03.2015 Технологија

Предизвик од Даб: Изработи андроид апликација и освој 1500 евра



Времетрање на конкурсот: скоро 2 месецa
Објавување на главниот добитник: 15 маj 2015
Старт на конкурсот: 19 март 2015
Затворање на конкурсот: 08 мај 2015
Главна награда: 1.500 евра (во денарска противвредност)


Целта на овој натпревар е да поттикне создавање нови иновативни апликации кои ќе имаат локална примена и ќе го збогатат македонскиот свет на Андроид™ апликации. Даб го организира Андроид™ Даб конурсот за првпат оваа година. Даб конкурсот е натпревар за изработување на апликации за Андроид™ мобилна платформа создаден да ги мотивира и награди учесниците кои развиваат иновативни, креативни, функционални и оригинални Андроид™ апликации наменети за љубителите на Даб, со употребливост и корисност во модерното секојдневие.

За избраната најдобра Андроид™ Даб апликација ПП обезбедува награда:
1. Парична награда од 1.500 евра (во денарска противвредност)
2. Склучување договор со Прилепска Пиварница за префрлање на авторските права на наградената апликација
3. Промовирање на апликацијата преку постоечки маркетинг канали во наредните месеци

Изборот и доделување на лицата кои ги поднеле апликациите на натпреварот – Андроид™ Даб апликација или на лице ополномоштено од нивна страна со нотарски заверено полномошно ќе се врши по пат на 5-члена комисија.

Доколку ви требаат информации поврзани за техничка поддршка контактирајте на: admin@pripiv.mk

Правилата и условите за наградниот конкурс прочитајте ги ОВДЕ
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија