X
 22.11.2022 Спорт

Навивачите во Катар може да бидат уапсени за одредени телефонски апликации

Навивачите што се во Катар за Светското првенство во фудбал мора да избришат одредени апликации од своите телефони, како оние за онлајн-обложување или ЛГБТ-платформи за запознавање доколку не сакаат да бидат гонети кривично.

Навивачите се советуваат да користат телефони на кои нема апликации или телефони за еднократна употреба за да се одбегне потенцијално апсење. Обложувањето е забрането во Катар, а лицата што ќе бидат фатени може да добијат казна затвор до три месеци или парична казна од околу 800 евра.

Освен тоа, во Катар е нелегална хомосексуалноста, па апликациите за запознавање како „Грајндр“ може да доведат до апсење.

Од друга страна, секој навивач во Катар мора да ја преземе официјалната апликација на Светското првенство, која се користи за верификација на влезниците, како и апликација за следење случаи на ковид-19. Многумина се сомневаат дека станува збор за софтвери кои имаат цел да собираат податоци од навивачите за властите.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Pixabay 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Спорт