X
 26.04.2015 Култура

Зошто Швајцарија е најсреќната земја на светот?

Македонците не се многу среќна нација. Тоа го потврди гловалниот извештај за среќа на Обединетите нации, според кој Македонија се наоѓа на 93-то место од 158. На врвот на листата се најде Швајцарија.


Не е чудно, со оглед на тоа што земјата е една од најбогатите земји и нема проблеми со невработеноста и долговите. Освен што среќни, што ги чини да се разликуваат од нас?

Бруто домашниот производ на Швајцарија изнесува 45,26 долари. Во земјата живеат 7,5 милиони жители.

Просечниот Швајцарец ќе живее 80,7 години, а Швајцарка 85,1 година. Швајцарија се наоѓа на второто место во светот по животниот век на граѓаните.

Според податоци од „Википедија“, во 2012 година во Швајцарија на 1.000 жители се родиле 9,2 деца.



Во 2013 година во Швајцарија 79% од населеноста на возраст од 15 до 64 години имале платена работа. Невработеноста сега изнесува 3,6%.

Швајцарија ја има една од најниските стапки на криминал меѓу сите развиени земји и покрај либералниот закон за поседување оружје (8 милиони Швајцарци поседуваат 2,3-4,5 милиони пиштоли).

Швајцарците се образована нација. Во 2013 година, 86% од возрасните личности на возраст меѓу 25 и 64 години имале завршено средно училиште.

Швајцарската економија се темели на висококвалификувани работници во специјални подрачја како што се микротехнологијата, биотехнологијата, фрамацијата и банкарството.

Швајцарија, заедно со САД и Велика Британија е меѓу првите во светот по користењето канабис. Поседувањето марихуана се дозволува со закон од 2013 година.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура