X
 05.05.2015 Настани

NEM 2015 ги повикува студентите во Дубровник

Најголемиот собир на медиумските професионалци, New Europe Market(NEM), ги отвори пријавите за членовите на студентската заедница. Имено, NEM 2015 на сите студенти од хуманистичките науки ќе им овозможи присуство на овогодишната конференција во Дубровник која ќе се одржи од 9 до 11 јуни во хотелот Dubrovnik Palace.

 

Така присутните студенти ќе имаат пристап до стие настани на овогидишниот NEM, вклучувајќи и панели на кои ќе учествуваат некои од најголемите имиња на светската медиумска сцена, меѓу кои се продуцентката на Симпсонови Бонита Пиетила, продуцентот на Милениумската трилогија Питер Нејдерман и авторот на серијата Оз Том Фонтана; како и многу други шанси за контакти и запознавање нови луѓе, вклучително и паузи за каде и вечерни забави.

Во минатите две изданија, NEM ги привлече професионалците од областа на IPTV и кабелската дистрибуција, телевизијата, продукцијата и маркетингот, како и водечките медиумски стручњаци, со цел да се открие големиот потенцијал што го нуди овој регион. Панелите на NEM даваат увид во најактуелните теми, па така, само за две години на панелите гостувале повеќе од 120 најекспонирани говорници кои ги пренеле своите искуства, мислења и знаења во врска со новите технологии, предизвиците кои ги носи рекламирањето во ерата на мултимедиумите и управувањето со социјалните мрежи со цел зголемување на препознатливоста на телевизиските содржини.

Пријавите за бесплатна акредитација, кои овозможуваат пристап до сите содржини на NEM се ограничени, а траат од 04 мај до 04 јуни годинава. Сѐ што треба да сторат студентите е на адресата на е-пошта dana@neweumarket.com да ги пријават своите податоци, вклучително и името на факултетот.

NEM 2015 е медиумска конференција проследена со забави, каде студентите добиваат совршена шанса да ги слушаат светските стручњаци и претприемачи од медиумската индустрија и да учат од најдобрите, а сето тоа спакувано во одлична забава во Дубровник!

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Настани