X
 11.05.2015 Живот

Германија - една од најдобрите земји за мајките

На 16-от годишен Индекс „Save the children“ беа рангиран 179 земји врз основа на 5 индикатори поврзани со здравјето на мајките, образованието, нивото на приходи и статусот на жените.

 

majka


Германија е рангирана на 8 место, под Шпанија и над Австралија и Белгија.

Стапката на смрт на мајката за време на бременоста или породувањето, во Германија во 2013 година беше една мајка на 11.000 додека стапката на смртност кај децата под пет години беше 3.9 на секои 1.000 живородени деца.

Друг фактор на ранг листата беше колку време од жената се очекувало да помине во формално образование.

Рангирањето исто така во предвид ја зеде и застапеноста на жената во парламентот. Оваа година, жените имаат 36.9% места во Германија, во споредба со 19.5% во Америка и 23.5% во Велика Британија

Берлин - топ град за мајките

„Save the children“ исто така ги зеде во предвид и стапките на смртност кај новороденчињата во Берлин - еден од 24-те најбогати главни градови. Берлин се наоѓа на 7-то место под Хелсинки и над Копенхаген, Данска, со стапка на смртност на новороденчиња од околу 2.5 смртни случаи на 1.000 живородени деца.

Стапката на смртност во Берлин е многу пониска од германскиот национален просек кој е повеќе од 3 смртни случаи на 1.000.

Главниот град на Америка, Вашингтон има најлоша стапка на смртност на новороденчиња со 7.9 смртни случаи на 1.000.

Извештајот покажа дека мајките имаат потешкотии во градовите. Градовите во Бангладеш, Камбоџа, Гана, Индија, Кенија, Мадагаскар, Нигерија, Перу, Руанда, Виетнам и Зимбабве, имаат најголема „дупка“ во преживувањето на децата, со тоа што сиромашните деца имаат за три до пет пати повеќе шанси да умрат отколку богатите.

Скандинавските земји најдобри за мајките


Норвешка е рангирана како најдоброто место во светот за мајките, пред Америка која падна на 33 место.

После Норвешка следуваат нордиските земји како Финска, Исланд, Данска и Шведска. Скандинавските земји постојано ги заземаат првите места во Индексот на мајката, со тоа што Норвешка оваа година ја победи Ирска.

„Извештајот е направен со цел да покаже големи разлики меѓу богатит и сиромашните, а разликата помеѓу скандинавските земји обично е мала“, вели Андерс Максон, медиумски менаџер за „Save the children“.

Единствена не-европска земја во топ 10-те е Австралија, која се наоѓа на 9-то место. Франција и Британија се на 23 и 24 место, под Канада која е на 20 место.

Сомалија е најлошото место, под Демократската Репбулика Конго и Централноафриканската Република.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот