X
 19.05.2015 Економија

Учете во странство: Буџет за Мексико

Бројот на студентите кои го избираат Мексико како дестинација за студирање, опаѓа во изминатите неколку години особено затоа што студентите се плашат да престојуваат во оваа земја која постојано се поврзува со дрога и насилство.

 

мексико


Меѓутоа, мексиканската влада сака да го промени овој тренд. На самитот минатата година на кој учествуваат претседателите на Канада, Америка и Мексико, претседателот Енрике Пења Нието предложи план за зголемување на бројот на студенти во Мексико.

Она што е привлечно кај Мексико е дека е евтинa држава за живеење и студирање. Превозот од и до Мексико исто така е доста поевтин.

Веб страната „GoAbroad.com“ нуди причини зошто треба да студентите да го изберат Мексико како дестинација за студирање: „Не само што програмите во Мексико се поевтини отколку програмите во Европа, туку и животот таму е евтин. Ова на студентите им овозможува нови можности за културни активности и патување.

На официјалната страна на Секретаријатот за образование во Мексико кажува уште една причина зошто треба да се студира во Мексико: „Според најновите истражувања направени од topuniversities.com, додипломските високообразовни институции на Мексико се сметаат за најрелевантни во регионот на Латинска Америка.

Пронаоѓање на програма

Постојат неколку начини доколку некои студенти се одлучат да студираат тука: можете да пронајдете стотици програми на веб страната StudyAbroad.com, Abroad101 и IIEPassport.org.

Независно запишување

Доколку се одлучите да се запишете сами, погледнете што нуди Универзитетот во Монтереј. Тоа е универзитет со 31 кампус и се наоѓа во различни делови на земјата. Универзитетот привлекува многу странски студенти и нуди академски програми во 10 големи области на студии. Предметите се предаваат на англиски и шпански јазик, а уписот може да се направи онлајн. Цената на еден семестар, од јануари до мај е 1.225 долари.

Стипендии и финансиска помош


Доколку веќе имате финансиска помош од вашето училиште, тогаш можете да ја земете со себе, а тоа значи дека доколку имате стипендија или друг вид на финансиска помош, тогаш можете да ја земете со себе. За повеќе информации во врска со стипендиите и грантовите, можете да одите на страната CollegeScholarships.org.

Програмата која ќе ја изберете може да нуди стипендија, и друг вид на помош на студентите кои се помалку застапени во образованието во странство.

Типични трошоци во Мексико


Според истражувањето на владата на Мексико, вака изгледаат трошоците во Мексико.

Леб: 1.60 долари
Пакет пиво: 4.50 долари
Хамбургер, помфрит и сок: 3.40 долари
Возење со автобус во Мексико Сити: 20-30 центи
Билет за кино: 3.60 до 4.60 долари
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија