X
 21.05.2015 Живот

Најискрениот оглас за работа во Шкотска

Еден сопственик на ресторан во Глазгов, Шкотска, го објави најискрениот оглас за работа кој некогаш бил објавен, во потрага по готвач во неговиот американски ресторан во кој кујната има големина на „плакар“, а платата е „ужасна“.

 

1


За храната во ресторанот вели дека е бесплатна за сите, а на менито ќе има разни видови на храна, вклучувајќи школки, грчки јогурт, виетнамско кафе, со што укажува на тоа дека кандидатот треба да има одредено ниво на вештини.

Џастин објаснува дека имал повеќе од 400 кандидати и никој од нив не бил компетентен за работата, па добро би било сите кои не се вешти да не се пријавуваат.

Во огласот кој бил поставен на страната Gumtree, Џастин има неколку барања за идниот шеф.

Барања за работното место


- Не ми е гајле ако сте дружељубиви или не зборувате. Не ми е гајле ако имате тетоважи. Не ми е гајле ако работите во кујна само за да го избегнете сопругот/сопругата.

- Ако имате добро искуство, тоа е плус. Ако знаете да готвите, и тоа е добро.

Самата работа

- Потребен ми е уште еден човек за во кујна со големина на еден плакар. Исто така, треба да имате во предвид дека ќе ве ставам со жена ми, затоа што таа е вистинскипт шеф.

Награди

- Парите кои ќе ги заработувате се ужасни. 7 фунди на час и дел од бакшишот. Не барајте повеќе бидејќи немам.

Екстра совети

Испратете ми мотивационо писмо, доколку сакате. Ако имате некое во кое велите дека сте тимски играч и дека можете да функционирате и сами, тогаш ќе се прободам во лицето со пенкало и никој нема да ја добие работата.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот