X
 30.12.2019 Живот

Работи што треба да ги правите на почетокот на секоја работна недела

Првите неколку часа од работниот ден може да имаат навистина значаен ефект врз вашето ниво на продуктивност, па затоа е важно да имате утринска рутина која ќе ве подготви за успех.

Токму со одличниот почеток на денот можете да воспоставите поголема контрола, а ова е клучно за постигнување подобри резултати и подобар успех во кариерата. Доколку воспоставите секојдневни рутински навики, нема да се чувствувате непродуктивно и нема да ви биде одвлечено вниманието.

1. Пристигнувајте навреме - Ова е очигледно за сите луѓе, меѓутоа, повеќето не сфаќаат дека доцнењето на работа не само што остава лош впечаток, туку и го нарушува целиот ден.

2. Земете длабок здив - Буквално, земете здив и почнете да правите нешто за да се фокусирате. Голем број луѓе доаѓаат на работа замислени и загрижени бидејќи немале време да се соочат со домашните проблеми и обврски, а веќе мора да почнат со дневното лудило на работа. Затоа потребно е да застанат, да паузираат само една секунда.

3. Јадете здрав појадок - Појадокот е најважниот оброк во текот на денот, кој може да ни помогне не само да бидеме физички поздрави, туку и да имаме ментална енергија која ни е потребна во текот на работниот ден.

4. Секој ден започнувајте го со „нов лист“ - Можеби ќе треба да присуствувате на некој проект или дискусии од вчера, меѓутоа, обидете се секој ден да ви биде нов и свеж. Оставете ги сите глупости од вчера и внесете се во свежината што ви ја носи новиот ден.

5. Не менувајте го расположението на секои 2 минути - Внимавајте на вашето расположение и внимавајте како тоа се одразува врз луѓето околу вас. Сигурно не сакате вашите колеги да се плашат од тоа како вие ќе изреагирате само затоа што утрата не ви се омилен дел од денот.

6. Организирајте го денот - Првиот час од работниот ден е најдоброто време да ги поставите вашите приоритети и да се фокусирате на она што мора да го постигнете. Направете листа и обидете се да се држите до неа.

7. Бидете присутни - Дури и кога не сте „утринска личност“, мора да бидете разбудени кога ќе пристигнете во канцеларијата. Особено доколку сте на некоја лидерска позиција. Тогаш е клучно да бидете присутни и ментално и физички, и да комуницирате со вашите колеги.

8. Разговор со колегите - 5 до 10-минутен разговор со вашиот тим може да биде навистина ефективен за сите да го почнат денот убаво. Имајте краток состанок, не мора да седите во канцеларијата, споделете ги вашите цели за денешниот ден или споделете некоја клучна информација која мора да се знае.

9. Организирајте го работниот простор - Исчистете ја вашата работна маса и создајте чисто работно место. Лошо е кога вашиот шеф или претпоставен ќе дојде во вашата канцеларија и ќе го забележи нередот на вашето биро. Веднаш ќе добие впечаток дека сте неуредна и неорганизирана личност.

10. Потсетете се зошто ја сакате оваа работа и зошто сакате да работите - Колку и да звучи клише, мора да застанете секое утро и да се потсетите зошто работите. Поврзувањето со смислата на целта е една од најмоќните мотивации.

11. Не дозволувајте да ви го одвлечат вниманието непотребните е-пораки - Ова е тешко за повеќето луѓе, меѓутоа, експертите се согласуваат дека не треба да ја проверувате вашата е-пошта веднаш откако ќе влезете во канцеларијата. Доколку го правите тоа, тогаш проверувајте ги само најитните.

12. Одговарајте на важните повици и испраќајте итни е-пораки - Доколку знаете дека некој ве очекува да му се јавите денес, не одложувајте за подоцна во текот на денот. Веднаш јавете се и извршете ја обврската.

13. Искористете го утрото бидејќи тогаш вашата глава е најбистра - Голем број луѓе сметаат дека нивниот мозок најдобро функционира наутро, и тогаш се најкреативни и најпродуктивни. Тоа е точно. Затоа искористете го овој дел од денот и извршете ги најтешките обврски и задачи, за подоцна да ви останат полесните.

14. Некогаш промените се за подобро функционирање - Некои луѓе се навикнати на сопствените навики и не сакаат да ги променат. Но, понекогаш работите треба да се променат. Така, на пример, можете да го промените местото на кое седите - можеби ќе добиете различна перспектива. Малите работи може да ви влеат енергија и да донесат позитивно влијание во вашата канцеларија.

15. Имајте утринска пауза - Ова е времето кога треба да процените што можете да направите и колку време ќе ви биде потребно за да го направите нештото.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот