X
 30.09.2015 Живот

Како да направите совршено CV?

cv

 

Совршеното CV е доста голема енигма, бидејќи постојат толку многу различни опции за она што го прави „совршено“. Прашањата се бесконечни: Колку долго треба да биде? Кои информации треба да ги вклучува? Што не треба да вклучува? Колку лично треба да биде? Дали треба да содржи референци? Дали ми е потребно различно CV за секое работно место? Кој фонт треба да го користам?


Пишувањето за себеси секогаш е тешко бидејќи во основа сме скромни и не сакаме да им кажуваме на другите луѓе колку сме одлични, затоа што не сакаме да излеземе арогантни. Со ова на ум, потребно е да заборавите на несигурностите. Ова е вашата шанса да му покажете на потенцијален работодавец колку сте компетентни, уверени и колку сакате да успеете. Затоа, не постои место за срамење - бидете горди и гласни.

Во просек, еден потенцијален работодавец ќе го „скенира“ вашето CV околу 6-8 секунди, а во тоа време, тој одлучува дали сте достојни за интервју или не. Ова значи дека треба да предизвикате доста голем прв впечаток. Заборавете на стариот CV жаргон - бидете концизни и избегнете клише зборови во вашиот почетен параграф.

Правилото за две страни

„Колку долго треба да биде моето CV?“ - Некои велат дека треба да биде една страна, некои две, а пак некои три. Сепак, најдобро е да биде две. Тоа е сосема доволно за да напишете се` што ќе ви е потребно без да должите или пак да скратите нешто. Една страна кратка биографија може да е импресивна, меѓутоа се чини дека сепак нешто неодстасува, па добро би било да се префрлите на две.

Вклучете ги сите релевантни информации без да претерате со описот. Нема потреба од должене - држете се до целта, проширете и илустрирајте како можете да го искористите вашето искуство и да дадете вредност во улогата за која аплицирате.

И запомнете дека веројатно работодавецот има прочитано над 100 CV-а пред вашето, такашто би бил малку фрустриран доколку вашето има 20 страни со бесмислици.

Бидете уникатни


Постоите само вие како таква личност, па сетете се тоа да го вметните во вашето CV. Потребно е да му дадете боја и личност. Не дека треба да пишувате колку кучиња имате и колку сакате чоколадо, туку да ја прикаете вашата страст за она што го правите, со што ќе покажете колку сакате да ја имате работата за која аплицирате.

Здодевните и монотони биографии ќе го натераат работодавецот да изгуби концентрација и вашето CV да заврши во купот „вратете се подоцна“. Бидете свои и дајте малку привлечност за интересот на работодавецот да биде поголем.

Средете го!


Ова е светиот грал на CV правилата. Не постои апсолутно ништо полошо од читање на CV кое претходно било средено за друга компанија.

Од суштинско значење е да го прилагодувате вашето CV за секое работно место за кое ќе аплицирате. Работните места се различни, такашто и вашето CV треба да биде различно.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот