X
 20.06.2015 Живот

Викенд метео - Какво време не` очекува за време на викендот?



МАКЕДОНИЈА - Во Македонија во сабота претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Поинтензивни врнежи се очекуваат во западните предели.

Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните и источните предели ќе дува умерен североисточен ветер.

Температурите ќе бидат пониски од вообичаените за овој период од годината, утринските ќе се движат од 8°C до 18°C, а максималните ќе достигнат до 17°C односно до 28°C.

СКОПЈЕ - Во Скопје во сабота претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со врнежи од дожд. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Минималната температура од 16°C, а дневната ќе достигне до 25°C.

Нестабилното време ќе продолжи во недела во раните утрински и претпладневни часови кога се очекуваат врнежи од дожд. Попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Температурите сеуште ќе бидат пониски за овој период од годината. Минималните температури ќе се движат од 7°C до 17°C, а максималните дневните температури ќе се движат во интервал од 16°C до 26°C.

Од понеделник стабилизација на времето. Се очекува претежно сончево и потопло време.

Во понеделник претежно сончево со локална облачност и потопло. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер.

Утринските температури ќе се движат од 5°C до 15°C, а пак максималните температури ќе се движат од 18°C до 28°C.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот